| четврток, 6 декември 2018 |

Станија ќе се мажи, еве кој е „среќникот“

За избраникот на старлетатата Станија Добројевиќ, кој живее во Америка се шпекулира многу, а таа во последното интервју открила дека тој сака да биде со неа и покрај тоа што прочитал сѐ и сешто за неа во домашните медиуми, користејќи Гугл преведувач.

-Не е дека можам да го вртам околу малиот прст како што можев и со поранешните. Не може да биде секогаш по мое. Затоа ми е огромен предизвик. Сакам да завладеам таму каде што не дава – раскажала Станија за српските медиуми.

Таа истакнала дека новиот автомобил си го купила сама на себе и дека не сака кога момчето ѝ купува скапи подароци.

-Му ставив до знаење дека повеќе сакам даме израдува со патување. Сакам да имаме спомени. Не дека не сакам да имам убава гардероба и накит, но повеќе би сакала да потроши на нешто што ќе го паметам. Најверојатно ќе се омажам во 2018 година, но не смеам ништо однапред да кажам – рекла Станија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top