Во последните неколку недели иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во светските медиуми.
Португалскиот ас после освојувањето на Светското клупско првенство изјави дека сака да продолжи да освојува трифеи со Реал и да ја заврши кариерата во Мадрид.
„Мотивацијата ми е на високо ниво. Сакам кариерата да ја завршам во Реал, но тоа нормално не зависи само од мене. Не сум јас шеф во клубот, но од моја страна секогаш ќе го давам максимумот. Мое е на терен да си ја вршам работата и мислам дека тоа добро го правам“, изјави Роналдо.
Наредната недела на програмата е големото „Ел Класико“, а Роналдо изјави дека се надева на победа во дербито.
„Се трудиме да уживаме во играта на теренот. Секој ден ја креваме самодовербата и одиме по вистинскиот пат кон трофеите“, додаде Португалецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.