| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува пријавувањето за наградата „Роман на годината“

Наградата „Роман на годината“ повторно ќе се доделува. Од денеска почнува конкурсот за  пријавување на романите кои ќе учествуваат во трката за наградата за најдобро прозно дело. На конкурсот можат да конкурираат сите романи објавени во текот на 2017 година, а наградата ќе  ја доделиува Фондацијата „Славко Јаневски“ на предлог на петчлено жири, составено од реномирани книжевни дејци и еден претставник од Фондацијата. Романите што влегуваат во конкуренција можат да ги предлагаат самите автори, нивните издавачи или читателите и тие треба најдоцна до 15 јануари 2018 година да достават по 5 (пет) примероци од предложените книги. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top