| четврток, 6 декември 2018 |

Километарски тунели под земја, градени со години, само со една цел (видео)

Израелските одбранбени сили оваа седмица урнале уште еден тунел на Хамас, кој води до земјата од Појасот Газа.

-Израелските одбранбени сили денес откриле и уништиле уште еден терористички тунел, кој доаѓа од подрачјето на централниот дел на Газа, неколку стотини метри на територијата на Израел”, изјавил изреалскиот портпарол на војската, Џонатан Конрицус.

Според зборовите на портпаролот, операцијата е извршена без жртви на палестинска страна, за разлика од претходниот таков случај од 30. октомври, кога умреле 12 милитанти на вооружената група.

-Ова е втор терористички тунел кој го пронајде и уништи војската последните месец и пол дена”, додал тој.
Овие подземни премини се изградени пред повеќе од 10 години, а се сметало дека се уништениуште во текот на воените операции во 2014. година, се додека минатата година не биле повторно откриени.

Од тогаш, палестинските борци се занимаваат со реконстукција на разоткриени премини и формирање на нови, наводно обложени со бетон, украден од резервите испорачани со цел зајанување на израелските куќи оштетени во борбите.

Тунелите, кои се наоѓаат на длабочина меѓу 30 и 40 метри и кои влегуваат до десетина метри во територијата на Израел, се градат по речиси 10 километри месечно.

Израелските службеници се сомневаат дека оригиналните 32 тунели, кои се урнати во текот на операцијата “Заштитен раб”, се целосно реконструирани благодарение на даночното ангажирање на терористите на Хамас.

Мрежата тунели Хамас ја изградил за да може незабележително да ги префрла борците во Израел. Подземните тунели, Палестинците ги користеле за префрлање на ракети и минофрлачи, како подготовка за нов судир со Израел.
Тунелите традиционално служеле како командни центри, појаси за инфилтрација, складишта на оружје и места за криење на ракети, но и скривници на Хамас во текот на судирите.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top