Пред Амбасадата на САД во Бејрут палестински демонстранти протестираат против одлуката на Трамп да го прознае Ерусалим за главен град на Израел. Судири започнале кога демонстрантите се обиделе да влезат во зградата на амбасадата, па обезбедувањето испукало солзавец кон нив. Засега нема информации за повредени, а на снимките се гледа дека демонстрантите фрлаат камења кон амбасадата.
По одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за израелска престолнина, избија насилни протести и судири во земјата. Едно лице е загинато, а стотина се повредени.
Повеќе стотини Палестинци притестираа вчера во Рим, Малме и други европски градови, а група маскирани напаѓачи со Молотови коктели извршиле напад врз синагогата во Гетеборг.
Министрите за надворешни работи на арапските земји побараа САД да ја укине одлуката на Трамп, зашто, како што оценуваат, тоа ќе има последици врз развојот на настаните, зашто ги става САД на страната на окупаторот и претставува кршење на меѓународното право.
Револтирани од одлуката на Трамп: Муслимани фрлиле Молотови коктели врз синагогата во Гетеборг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


