| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува празнувањето на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици

Со промоција на книгата „95 години ФК Беласица“ на Иван Станоев и отворање на  постхумната изложба на дела на Стојан Пачоов во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска ќе почне чествувањето на 11 декември, денот на заштитниците на градот, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици.

Во делот на празничната програма е и изведбата на претставата „Идиот“ на Достоевски во режија на Горан Тренчовски.

Во рамки на чествувањето утре во 9 часот во црквата „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ ќе се одржи света божествена литургија. Во 10 часот ќе бидат доделени наградите за литературни состави посветени на градот, а ќе се одржи и кошаркарски турнир на основните и средните училишта во Струмица.

Напладне во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе почне свечената седница на Советот на општина Струмица на која ќе бидат доделени годишните и наградата за животно дело.

Празнувањето на патронот на градот завршува со промоција на книга на фотографии „Монос“ и изложба на Александар Дончев и заеднички годишен концерт на „Распеани струмичани“ и ансамблот „Тримери“.

Вчера беше организиран меѓународен турнир во одбојка за ветерани што се одржува во спортската сала „Партизан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top