| четврток, 6 декември 2018 |

За 15 дена ќе потрошат пари колку за еден стан – Брена и Боба слават годишнина од бракот

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ слават 26 години заеднички живот. Бившиот тенисер одлучи и годинава да ја однесе својата позната сопруга на Тајланд, каде што ја прославија својата сребрена свадба минатата година. На егзотичното патување со нив доаѓаат и синовите Стефан и Виктор, и наследникот на Боба од неговиот прв брак, Филип и неговата девојка Александра Пријовиќ.

Со оглед на тоа дека семејството Живоиновиќ престојува во еден од најлуксузните хотели, тие за 15-дневниот одмор ќе платат 50.000 евра.

-Брена и Боба навистина со нетрпение го очекуваа ова патување. Пејачката е многу среќна во последниве месеци од успехот во бизнисот, особено поради тоа што новата песна помина одлично кај публиката, па со своето семејство ќе го прослави и овој успех. Таа веќе почна да се пакува, а не е ни свесна дека на Тајланд ја очекува изненадување од Боба, кое тој го чува во строга тајност- вели извор близок Живојиновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top