| четврток, 6 декември 2018 |

Колкави хонорари ќе земат пејачите за Нова Година

Новогодишната ноќ е вистинска „златна кокошка“ за пејачите, бидејќи за една вечер заработуваат огромна сума на пари. И оваа Нова Година ќе биде исто.

Цеца ќе пеево Бања Лука за 50.000 евра, Ана Николиќ ќе го прекине породилното и ќе настапува во белградски хотел за 25.000 евра, а на истото место ќе пее и Јелена Розга за истата сума на пари. Стефан Ѓуриќ Раста ќе настапува во Швајцарија за 35.000 евра, а во истата земја ќе биде и Дара Бубамара за 20.000 евра. Жељко Јоксимовиќ за својот настап ќе земе 50.000 евра како и Здравко Чолиќ кој ќе пее во Сараево.

Рекордерка е Лепа Брена која ќе земе фантастична сум од 100.000 евра за настап во Петрова, додека ДиноМерлин ќе земе 80.000 евра во Дубровник.

Аца Лукас ќе земе 50.000 евра, Рибња Чорба 36.000 евра, Жељко Самарџиќ 25.000 евра и Ван Гог 17.000 евра.

Наташа Беквалац договорила настап воЗајечар за 25.000 евра, но го откажала поради бременоста. Пејачката е во 6 месец од бременоста и Новата година ќе ја помине дома, со ќерката Хана и сопругот Лука Лазиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top