| четврток, 6 декември 2018 |

Плаќајте даноци, ќе добиете 1.000 евра – Грција почна нова кампања

Властите во Грција од денеска почнуваат со првата даночна лотарија, при која по 1000 евра секој месец ќе се доделат на 1.000 луѓе. Целта на лотаријата е да ја интензивира борбата против затајување на приходот и да го поттикне плаќањето даноци.

Грчкото Министерство за финансии објави дека еден милион евра ќе бидат распределени меѓу 1.000 лица според бројот на нивните финансиски трансакции и учеството во извлекувањето ќе биде автоматско, односно нема потреба некаде да се оставаат личните податоци.

Наградата од 1000 евра ќе биде во форма на готовина или даночно ослободувања од истиот износ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top