Новото ЦД „Остров“ на групата „Синтезис“ и монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“ ќе бидат промовирани вечерва во клуб-ресторанот во Младинскиот културен центар (20 часот).
„Остров” е осми по ред албум на Синтезис и е снимен во студиото „Подрумот“. Продуценти се Синтезис и Ангел Ќосев. Дизајнот е на Иван Дургутовски. Издавач SJF Records (Скопски џез фестивал). Специјален гостин на албумот е Влатко Стефановски.
Монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време” ја одбележува 20-годишнината од постоењето на групата, а нејзин автор е Милан Банов. Подготовката и дизајнот се на Горан Атанасовски, а издавач е Интермедиа. За групата Синтезис во монографијата пишуваат и Оливер Белопета, Михаил Ренџов, Владимир Мандичевски, Бранка Костиќ-Марковиќ, Венко Андоновски и Елени Новаковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.