| четврток, 6 декември 2018 |

Со кеса од чипс ги прелажал шефовите

Кеса чипс му помагала на 60-годишниот Том Колела за да не може да биде лоциран преку GPS на неговиот мобилен додека во работно време игра голф. Тој открил дека кесата од чипс се однесува како Фарадеев кафез и не ги проушта електромагнетните бранови. Така тој можел слободно да игра голф во работно време, а шефовите да не можат да го лоцираат.

Судот во Перт ја откри измамата откако електричарот го дал својот шеф на суд бидејќи го отпуштил од работа. Шефот се сомневал во лагите на електричарот, но не можел да утври каде оди во работното време. По пресудата во чие носење учествувале и професори по физика, Колела добил отказ и се вработил како возач во ИТ компанијата Убер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top