| четврток, 6 декември 2018 |

Само што не се фатиле за коси – Цеца и Карлеуша се соочија на суд!

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша со години наназад се лути противнички, а денеска првпат се соочија и тоа во Првиот Основен суд. Околу 12.10 почнала медијацијата, односно обидот за помирување по мирен пат, како би се избегнало судењето.

На рочиштето прва стигнала Јелена Карлеуша. Била одлично расположена, насмеана и во друштво на својот адвокат.

Неколку минути подоцна се појавила и Цеца, исто така во друштво на својот правен советник, но со многу посериозен израз на лицето.
Двете веднаш влегле кај судијата и се обиделе без присуство на адвокатите да ги закопаат воените секири.

Но тоа се покажало како неуспешно. Набрзо се слушнало викање и карање. И двете пејачки викале на сиот глас.

Се слушнале повици: „Срам да ти е“ и „Немој само ти да ми зборуваш за чесност“. А тогаш влегол полицаецот внатре и ги опомонел, после што малку се смириле.

Во меѓувреме и судијата го известил обезбедувањето, но полицаецот рекол дека нема потреба тие да интервенираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top