| четврток, 6 декември 2018 |

60 килограми марихуана пронајдени на патот Охрид-Струга

На стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, биле пронајдени 59 пакувања со вкупна тежина од околу 60 килограми опојна дрога марихуана.

Опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top