Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минимални температури утрово се движат од минус четири во Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива Паланка, Охрид и Претор, два во Виница, Прилеп и Куманово, три Скопје Петровец, Битола, Штип и Тетово, четири во Струмица и Скопје, пет во Демир Капија и Дојран до седум степени во Гевгелија.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса во текот на ноќта насекаде во земјава предизвика облачно време со повремени локални врнежи до дожд кои повеќе беа застапени во западните и северните делови. Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд е наврнат во Охрид – 14 литри на метар квадратен.
На планините и повисоките места врнежите од дожд поминаа во снег. Врнежите беа поинтензивни во западните и југозападните делови. На планините и повисоките места се формира и снежна покривка. Дуваше умерен а на повеќе места засилен северозападен ветер, кој во Пелагонија,Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 43 до 54 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.