| четврток, 6 декември 2018 |

Еколошки инцидент: Се излеа нафта од потонат брод во каналот Студнечишта

Денеска во каналот Студенчишта, кој се влева во Охридското Езеро, потона бродот „Мис Стоун“.

Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.

Според рибарите, кои и покрај излеаната нафта рибареа, вчера сè било во ред и, како што велат, најверојатно, инцидентот се случил во текот на ноќта бидејќи кога дошле во 6 часот утрово нафтата веќе била излеана.

Од езерската полиција велат дека не знаат ништо за инцидентот, сеуште нема никој од надлежните институции да го испита овој еколошки инцидент.

а1.он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top