Популарниот пејач Аца Лукас се чини дека потполно ја заборави поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, од која се разведе пред неколку месеци.
Како што дознава „Блиц“, фолкерот запловил во врска со младата колешка Александра Младеновиќ, која се прослави во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.
-Аца и Александра се знаат одамна. Таа неколку пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде и се запознаа, но меѓу нив до неодамна немаше ништо повеќе од познанство. Пред две години Александра влезе во финалето на ова шоу, ја сними песната „Љубов или лудило“, по што нејзината кариера тргна во нагорна линија.
„Блиц“ пишува дека додека Аца бил во брак со Соња, тој и Александра се дружеле, ни никој не помислувал дека меѓу нив двајца може да има нешто повеќе од пријателство. Меѓутоа, пред повеќе од месец дена запловиле во врска, што за луѓето блиски до нив било изненадување, вели извор на „Блиц“ кој додава:
-На Лукас не му претставува проблем тоа што Александра е 26 години помлада од него. Мал круг на луѓе знаат дека се во љубовна романса, бидејќи не сакаат тоа да се експонира, вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст