Префрлањето на бегалците од грчките острови кон копното треба да се забрза, побара претставникот на УНХЦР во Грција, истакнувајќи дека трупањето на бегалци на островите не дава можност за идентификување на инфилтрирани борци на Исламска држава.
Азил во Грција побарале речиси сите бегалци кои што пристигнале на грчките острови со цел да избегнат враќање во Турција, а со исклучок на најранливите, грчката влада не префрла бегалци на копно се додека не бидат одобрени барањата за азил.
На островите во моментов има околу 14 илјади бегалци, што е три пати повеќе од капацитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти