Веќе неколку дена се позачестени се шпекулациите дека Лепа Брена се разведува од долгогодишниот емотивен партнер, Боба Живоиновиќ со кој има два сина. Пејачката досега не се огласуваше за тоа, а сега ја откри вистината.
-Никој не ми јавил дека се разведувам, па малку сум затечена и морам наоколу да се распрашувам, што се случува во мојот живот. Никогаш не сум размислувала за можноста да се разведам. Таа опција ја нема, премногу сум старомодна во сфаќањата. Иако не би допуштила некој на било кој начин да ме угнетува-раскажала Брена.
Таа смета дека двајца би требало да раскинат, тогаш кога нема поддршка.
-Едноставно е. Ако партнерот не ви е поддршка, тогаш тоа не е добра приказна и тука е крајот- рекла пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.