| четврток, 6 декември 2018 |

Од свадба не дошла дома – со денови исчезната малолетничка од Куманово

Мајка од Куманово се јавила во полиција и пријавила дека од дома и исчезнало малолетното дете.

Полицијата денеска информира дека 40-годишната Н.З. од Куманово, пријавила дека на 08 месецов, околу 13.00 часот од дома се оддалечила нејзината малолетна ќерка А.З.

А.З и кажала дека ќе оди на свадба во Куманово и да се види со другарка.

Секторот за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top