Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Нешто пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во западните делови.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени, во Скопје до 10 степени.
Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.