| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец тврди: Го киднапираа зет ми и ми бараа пари

На 09.11.2017 година во 18:00 часот во просториите на Полициската станица Тетово, Н.Б. (33) од с.Боговиње пријавил кривично дело „грабнување“ на неговиот зет А.А. (33) од с.Жеровјане.

Тој на 08.11.2017 година во 15:00 часот во Полициска станица Жеровјане бил пријавен како исчезнат.

Откако А.А. бил пријавен за исчезнат, на пријавителот му биле испратени СМС пораки дека А.А. и неговото возило се задржани од непознати лица и дека ќе го пуштат откако ќе им дадат одредена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top