| четврток, 6 декември 2018 |

Метро под истрага поради голема измама


Германски обвинители истражуваат неколку официјални лица од синџирот магазини Меtrо по пријави за трговија со внатрешни информации и пазарна манипулација, соопштиле од државното обвинителство, пренесе Ројтерс.

Истрагата се врти околу проток на информација пред соопштението на Меtrо од 30 март 2016 година за плановите на компанијата да го оддели бизнисот со трговија на големо и храна за побарувачка техника со цел да го забрза растот, кој ја зголемил вредноста на акциите со 12 проценти.

„Има индикатори дека тројца луѓе од компанијата и еден надвор од неа купувале акции на Меtrо или предавале внатрешни информации“, рекол Ралф Мулман, обвинител од Диселдорф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top