Компанијата „Пакомак“, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и фирмата за рециклирање „СНС Ре пласт“, најавија продолжување на спроведувањето на кампањата „Едно капаче, една надеж“. По тој повод беа донирани три инвалидски колички за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.
Бранка Димитровска од Здружението „Без ограничување“ истакна дека количките ќе бидат доделени на три активистки од Кратово, Кочани и од Скопје.
Филип Ивановски од компанијата „Пакомак“ која ќе биде задолжена за собирање и дистрибуција на капачињата појасни со акцијата се прават две добра, помош на лицата со посебни потреби и заштита на животната средина.
Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните треба да ја пријават локацијата и контакт лице на фејсбук страницата https://www.facebook.com/ednokapaceednanadezplus/.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст