| четврток, 6 декември 2018 |

Путин му изрази сочувство на Трамп поради масакрот во Тексас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му изрази сочувство на претседателот на САД, Доналд Трамп поради масакрот во црквата во Садерленд Спрингс, Тексас, при што загинаа 26 луѓе, а 20 повредени.

– Ве молам примете го моето сочувство по повод трагедијата која се случи во Тексас. Тешко е да се замисли побрутално и поцинично злосторство од убивање на луѓе за време на служба во црква, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на Кремљ.

Трамп претходно изјави дека инцидентот во Тексас е поврзан со менталното нарушување на напаѓачот и дека оружјето не треба да се набљудува како проблем.

Напаѓачот Девин Кели беше отпуштен од военото воздухопловство поради напад врз својата жена и дете. Портпаролката на американските воздухопловни сили Ен Стефанек изјави дека Кели поминал 12 месеци во затвор по судењето пред воениот суд во 2012 година, а во 2014 година добил отказ од армијата поради лошо однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top