| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајка загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на СРД

Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Како што информираат од полицијата, Стефановски управувајќи возило „Рено меган“ со прилепски регистарски таблици околу еден часот по полноќ излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булевар „Александар Македонски“ и сервисната улица која ги поврзува со кружен тек булевар „Никола Карев“ и улица „Беласица“.

Со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде во 01:20 минути им подлегнал на здобиените повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top