| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн ја надигра Борусија среде Дортмунд

Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа голема победа на тешкото гостување кај Борусија во Дортмунд.

На средбата од 11. коло во Бундес лигата одигран на „Сигнал Идуна Парк“, Баерн славеше победа над Борусија со 3:1.

Гол серијата на баварците ја започна Ариен Робен во 17.минута, а дваесет минути подоцна (37) Роберт Левандовски зголеми на 2:0 резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Давид Алаба во 67.минута. Поразот го ублажи Шпанецот,Марк Барта со погодокот во 89 минута.

Со оваа победа и новите бодови, Баерн сега има вкупно 26, четири повеќе од РБ Лајпциг кој го искористи поразот на Борусија и се проби на второто место, додека „милионерите“ од Дортмунд останаа на 20 бода и сега се трето пласирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top