| четврток, 6 декември 2018 |

Заводникот од „Сексот и градот“ признал: Не се злоставувани само жените, и јас станав парче месо (Видео)

Холивудскиот глумец Жил Марини, заводникот кој во филмот „Сексот и градот“ го играл секси соседот на Саманта, Данте, признал дека и’ тој доживеал негативни искуства кога станува збор за сексуалното злоставување во Холивуд.

Згодниот глумец во филмот се соблекол и покажал се’, и после тој филм, вели, станал мета на сексуалните предатори во Холивуд, главно влијателни и моќни.

-За многу холивудски моќници станав парче месо, вели Марини и додава дека не видел дека некој од мажите се јавил, а во Холивуд многумина се злоставувани.

-Се срамат, ја губат машкоста. Свесен сум дека многу мажи никогаш нема да проговорат за таа тема, вели Марини после скандалот со Вајнштајн кој го шокирал светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top