В сабота, 4 ноември во галеријата „Безистен“ во Штип на модна ревија и промотивен видео запис ќе се презентираат 11 модни брендови од Македонија и Бугарија во организација на
македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје.
Станува збор за производите на македонските фабрики „Астибо фешн груп“, „Аморкомпани“, „Ист комерц- Санда“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските: „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.
Ревиите се во рамките на пограничниот проект ‘„Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој текстилно трговско здружение – Текстилен кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.
– Целта на овој настан е да се подигне имиџот на текстилната индустрија преку промовирање на ТВ видео спот и преку заедничко претставување на колекции на текстилни компании од Македонија и Бугарија пред публика составена од државни и образовни институции, донорски организации и останати гости – изјави Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилен кластер.
На модната ревија компаниите ќе можат да ги презентираат своите брендови и да дадат краток преглед на нивните капацитети, како и општествената одговорност и етичкото работење кои ги применуваат во своите компании. Воедно на настанот ќе се промовира новиот ТВ-спот кој го изработи Текстилниот кластер во склоп на проектот, кој што ги покажува силните страни на текстилната индустрија и е наменет за привлекување на нов
млад кадар во истата.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија во соработка со Моден викенд Скопје, модната агенција „Подиум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст