По само четири одиграни кола, во Б групата од Лигата на шампионит, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се сигурни патници во осминафиналето од елитната лига на УЕФА. ПСЖ има максимални 12 бода, откако убедливо со 5:0 го победи Андерлехт, додека Баерн со победата на гости кај Селтик од 2:1, сигурно ќе биде најмалку втор на крајот.
Рома го понижи Челзи победувајќи го убедливо со 3:0 во дуелот кој требаше да биде дерби од 4. коло во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед не дозволи изненадување и славеше против Бенфика со 2:0.
Атлетико разочаран и на свој терен одигра само 1:1 против Карабах. и вториот шпански тим, Барселона одигра нерешено и тоа на гости кај Олимпијакос, без голови.
Резултати:
Рома – Челзи 3:0,
Атлетико М. – Карабах 1:1,
Базел – ЦСКА 1:2,
Селтик – Баерн М. 1:2,
Манчестер Ј. – Бенфика 2:0,
Олимпијакос – Барселона 0:0,
ПСЖ – Алдерлент 5:0,
Спортинг – Јувентус 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


