| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Џесика Паркер со трогателна порака до синот

Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркернеодамна му го прослави 15-от роднеден на својот син Џејмс и по тој повод објави негова фотографија од раното детство придружена со емотивна порака која ги разнежни нејзините обожаватели на социјалните мрежи.

„Среќен роденден. На мојот првенец. Веќе има 15 години. Мојот единствен син. Боже, мислев дека знам што е љубов во времето кога те родив. Ма, немав поим! Те сака мама“, порача актерката на својот инстаграм-профил.

 

Потсетуваме, покрај Џејмс, Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг, актерот Метју Бродерик ги имаат и 8-годишните близначки Марион Лорет и Табити Хоџ кои ги добија со помош на сурогат-мајка, откако актерката долго време неуспешно се бореше со неплодноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top