| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување за навивачите пред СП во Русија: Чувајте се од убавите Русинки, тие само бараат мажи со пари

Еден египетски весник ги предупреди навивачите на фудбалската репрезентација кои патуваат во Русија на Светското првенство во фудбал следната година, да се пазат од руските жени, затоа што само бараат мажи со пари, пренесува „themoskowtimes.com“.
„Youm7“, весник до Каиро, објави дека навивачите би требало да се причуваат од убавите Русинки и за тоа да размислуваат додека се пакуваат.

Новинарот ги советуваше Еѓипќаните да спакуваат што повеќе пари, затоа што Русинките сакаат пари и секогаш го бараат.

Новинарот исто така советуваше ги советуваше фановите да не ги менуваат своите жени со „слабичките девојки од соништата“, затоа што Русинките се или доста слаби или доста дебели.

Тешко е да се најде Русинка со просечна тежина, напиша новинарот.

Египет беше популарна туристичка дестинација за Русите, додека исламските милитанти не нападнаа авион во октомври 2015 година, кога загинаа 224 личности.

Москва после тоа го суспендираше авио сообраќајот кон Египет.

Фудбалските навивачи од Египет ќе мора до Русија да одат по подолгиот пат, што се разбира и ќе ги чини повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top