| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Ѓоковиќ ја објави првата фотографија од малата Тара

Сопругата на популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која ја дои нивната ќеркичка Тара. Виедно, ова е и прва фотографија од наследничката на Ѓоковиќ, која дојде на овој свет на 2 септември.

На фотографијата позира и домашниот миленик Пјер, кој е една од трите пудлици во домот на славниот тенисер. Изразот на Пјер на фотографијата е мотивот што ја поттикна Јелена да ја објави оваа фотографија, со коментарот:

„О, господине Пјер!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top