| четврток, 6 декември 2018 |

„Баскерфест“ го размрда Скопје

Со спектакуларниот настап на трупата „Ил Посто” од Италија на фасадата на Веро центарот во Скопје, вчера се отвори осмото по ред издание на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, во организација на Здружението на граѓани „One way“.

Настапот на италијанската трупа беше комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија која индивидуално се креира за секој настап. По свеченото отворање, пред Веро центарот се претставија и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки.

И годинава покровител на овој значаен уличен фестивал е Град Скопје, кој што е подржувач на „Баскерфест“ веќе осум години ред, а ново е што годинава „Баскерфест“ ќе се дисперзира и низ цела Македонија, така што граѓаните и на другите градови ќе можат да уживаат во настапите на уличните артисти и нивните акробации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top