| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепт за крема од јогурт – ја чисти и негува кожата

Хранливите домашни маски приготвени на база на јогурт се вистинско богатство кога е во прашање негата на кожата на лицето.
Со само неколку состојки подгответе домашна маска што длабински ќе ја исчисти кожата на вашето лице.

За таа цел потребни ви се следниве производи:

– половина чаша јогурт
– половина чаша пченкарно брашно
– половина чаша цеден сок од грејпфрут или лимон

Подготовката е многу едноставна.

Сите три состојки промашајте ги во подлабок сад и оставете го во фрижидер малку да се олади пред да ја употребите маската.

Маската нанесете ја на чиста и сува кожа, оставете ја да се засуши околу 20 минути а потоа измијте го лицето со млака вода. Нанесете хидратантна крема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top