Американската влада знаела за масакрот на индонезиската војска за време на комунистичките чистки во периодот од 1965-та и 1966-та година на овој остров во југоисточна Азија.
39 документи од американската амбасада во Џакарта го покриваат периодот од 1964-та до 1968-ма година кога помеѓу светските сили се води Студената војна. Со симнувањето на ознаките за тајност, овие документи ја откриваат една од најтурбулентните епизоди во историјата на модерна Индонезија.
Историчарите проценуваат дека во периодот од 1965-та до 1966-та година биле убиени околу 500 илјади поддржувачи на Индонезиската комунистичка партија откако војската и локалните муслимански воени групи тргнале во крвави пресметки после обидот за државен удар.
Обидот за државен удар во 1965-та година кој што им се припишувал на комунистите го спречил генералот Сухарто, по што започнал масакрот во Индонезија. Овој диктатор потоа ја превзел власта и ја водел државата цели 32 години. Бил симнат од власт во народниот бунт во 1998-ма година после финансиската криза во Азија, а починал во 2008-ма година.
Во текот на своето владеење тој масакрите ги оправдувал со зборовите дека станува збор за неизбежна етапа во искоренувањето на комунизмот од земјата. Индонезија тогаш, после СССР и Кина ја имала третата најголема комунистичка партија во светот.
Документите откриваат дека американските власти располагале со детални информации за масовните убиства сторени од муслиманите над комунистите. Во дипломатска телеграма која што на 26-ти ноември од градот Сурабаје ја испратил американскиот конзул, пишува дека на истокот на Јава биле ликвидирани дури 15 илјади комунисти.
Во друг допис испратен од Суматра, пишува дека припадници на Мухамадија, најголемата муслиманска организација во Индонезија, ги сметаат комунистите за „неверници на најниско ниво, а пролевањето на нивната крв се споредува со колење на кокошки“.
Здруженијата за човекови права ги повикаа владите на Индонезија и САД да ја објават целата тајна документација за тие масакри.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст