| четврток, 6 декември 2018 |

Тајчи за злоставувањето кон неа: Не можев да се заштитам од моќните и грабливи мажи

После написот во New Yorku Times во кој повеќе жени го обвиниле холивудскиот моќник Харви Вајнштајн дека сексуално ги злоставувал, се огласиле бројни познати глумици кои го доживеале истото или слично искуство како нив…
Набргу, бранот на искрени исповеди се проширил на социјалните мрежи, каде бројни непознати жени за јавноста под хаштагот #metoo ги опишувале своите искуства. Меѓу нив се нашла и една Хрватка која на нашата јавност и е и тоа како позната.
„Кога бев најголема ѕвезда во Хрватска, во моја чест направија кукла. Се плашев од таа кукла бидејќи мислев дека на другите девојки им испраќа порака дека треба само да молчат, да се насмевнуваат и да им дадат на другите да управуваат со нивните раце и нозе и така далеку ќе дотуркаат. Ниту парите ниту славата не можеа да ми ги затворат очите пред она што се случуваше околу мене. Сето тоа како тинејџерка потполно ме скрши, чувствував дека не можам да се заштитам од моќните и грабливи мажи. Се’ оставив зад себе за да оздравам и најдам начин како да го запрам манипулирањето втемелено на страв и злоупотреба на моќ“ напишала Татјана Камерон Тајчи.
Со децении се нагаѓало зошти Тајчи на врвот на славата ненадејно ја напуштила Хрватска…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top