Ракометарките на Вардар уште еднаш покажаа зошто важат за главни фаворитки за трофејот во ЛШ откако по рутинскиот триумф над ФТЦ Будимпешта на стартот, македонскиот првак денеска лесно славеше и на своето прво гостување, во Германија против тимот на Турингер со резултат 21-29.
Домашните ракометарки само десет минути одржуваа резултатска неизвесноста, за потоа Вардар за само неколку минути да направи серија од 0-6. Најпрвин прецизна беше Цвијиќ, па три гола во низа постигна Пенезиќ, за со уште два погодоци да се надоврзе и Радичевиќ, за убедлива предност од 6-12. „Вардарки“ одиграа квалитетно до крајот на полувремето и на одмор заминаа со 11-19, за веќе на стартот од вториот дел македонскиот шампион да дојде и до првата двоцифрена предност, 12-22 со голот на Радичевиќ.
Во последните петнаесетина минути, во ситуација кога победникот беше решен повторно дојде до ротации во тимот на Вардар, што придонесе ефикасноста во нападот да опадне. Суслина со неколку одлични интервенции ја одржуваше предноста околу десет гола, за на крајот овој дуел да заврши со заслужено убедлива победа на Вардар од 21-29.
Радичевиќ беше прв стрелец со седум погодоци, додека по пет пати мрежата на Турингер ја затресоа Лакабрер, Лекиќ и Пенезиќ.
Следен предизвик за „црвено-црните“ ќе биде гостувањето во Норвешка против екипата на Ларвик, која по првите две кола нема ниту еден освоен бод.
Избор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст