| четврток, 6 декември 2018 |

НАЦИЗАМ

aco-stankoski.jpg

Колумнист:
Адрапо Спараи

Во ви­о­рот на исто­ри­ски­те про­це­си на мо­дер­ни­те вре­ми­ња, ни­е­ден оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки по­ре­док не пре­диз­ви­ка та­ков ма­со­вен пси­хо­ло­шки по­трес ка­ко што на­пра­ви на­циз­мот. Не­го­ва­та ге­не­за во одре­де­ни­те де­ло­ви на ста­ри­от кон­ти­нент е при­лич­но сло­же­на, иа­ко пос­тво­е­на­та про­па­ган­да на по­бед­нич­ки­те си­ли се оби­де да го симп­ли­фи­ци­ра, при­тоа ко­ри­стеј­ќи не­во­о­би­ча­ен ар­се­нал на по­ни­жу­вач­ки, гро­теск­ни и ка­ри­ка­ту­рал­ни ви­зу­ри за да го све­де на ми­ни­мум не­го­во­то, спо­ред нив – ап­со­лут­но не­га­тив­но вли­ја­ние. Са­мо одре­ден број врв­ни европ­ски ин­те­ле­кту­ал­ци ка­ко Ерих Фром или Ха­на Арент се­ри­оз­но ја сфа­ти­ја оваа не­ве­ро­јат­на исто­ри­ско-по­ли­тич­ка сти­хи­ја и се нур­наа во дла­бин­ско ис­пи­ту­ва­ње на це­ла­та комп­лекс­ност на фе­но­ме­нот на на­циз­мот.

Ина­ку, са­ми­те за­че­то­ци на оваа на­ци­стич­ка иде­о­ло­ги­ја се по­ја­ву­ва­ат во Анг­ли­ја и се ба­зи­ра­ни на ком­па­ра­тив­ни­те искус­тва на су­пе­ри­ор­но­ста на рас­а­та, пред сè на Анг­ли­ча­ни­те, кои, на­вод­но, де­мон­стри­ра­ле до­ми­нант­ност на си­те по­ли­ња од жи­во­тот што по­драз­би­ра­ат ин­те­ли­ген­ци­ја, ор­га­ни­за­ци­ја, кул­ту­ра и во­оп­што ци­ви­ли­за­ци­ја.

По­доц­на оваа иск­лу­чи­тел­но ели­ти­стич­ка, рас­и­стич­ка и ди­скри­ми­ни­ра­на иде­о­ло­ги­ја се ши­ри по европ­ски­от кон­ти­нент на­о­ѓај­ќи свои под­др­жу­ва­чи кај ре­чи­си си­те на­ро­ди, чи­и­што др­жа­ви има­ле ко­ло­нии. Се­пак, на­циз­мот најм­но­гу ќе проц­ве­та во Гер­ма­ни­ја и ка­ко Фе­никс ќе блес­не на свет­ска­та по­ли­тич­ка сце­на низ Вто­ра­та свет­ска вој­на, за низ оваа фа­тал­на апо­ка­лип­тич­на аван­ту­ра да се пре­тво­ри во пе­пел и, ко­неч­но, да ис­чез­не за по­долг пер­и­од од по­ли­тич­ка­та ма­па на Евро­па.

На­циз­мот ка­ко фе­но­мен е сил­но по­вр­зан со ли­кот и де­ло­то на Адолф Хит­лер, не­су­ден умет­ник, но крај­но оп­ску­рен ка­ра­ктер, кој уште пред да ја освои вла­ста во не­го­ва­та та­тко­ви­на (1933 го­ди­на) ќе ја на­пи­ше кру­ци­јал­на­та кни­га „Мајн кампф“ (Мо­ја­та бор­ба) во ко­ја оп­шир­но ги образ­ло­жу­ва по­сту­ла­ти­те на оваа во тоа вре­ме еу­фо­рич­на и на­деж­на иде­о­ло­ги­ја за спа­сот на Гер­ма­ни­ја обре­ме­не­та од те­шки еко­ном­ски и со­ци­јал­ни кри­зи, зем­ја по­ра­зе­на и по­ни­же­на во Пр­ва­та свет­ска вој­на.

Во „Мајн кампф“, Хит­лер отво­ре­но ги по­ен­ти­ра не­при­ја­те­ли­те на Гер­ма­ни­ја, во прв ред ин­тер­на­ци­о­нал­но­то еврејс­тво, кое го кон­тро­ли­ра ка­пи­та­лот и ја ма­ни­пу­ли­ра свет­ска­та еко­но­ми­ја, по­тоа ко­му­ни­сти­те и нив­ни­те сим­па­ти­зе­ри, кои за не­го се са­мо про­ста ма­са ди­ри­ги­ра­на од ци­о­низ­мот, по­тоа ли­га­ви­те ли­бе­ра­ли под­го­тве­ни се­ко­гаш на пре­дав­ство за одре­ден фи­нан­си­ски на­до­мест, па­ци­фи­сти­те што се пет­та ко­ло­на во па­три­от­ски­те ре­до­ви и во по­ткон­тек­стот гле­да­ме из­вес­на за­ка­на кон одре­де­ни тај­ни друш­тва ка­ко што се ма­со­ни­те, на при­мер, кои за не­го се не­вид­ли­ва, но смр­то­нос­на бо­лест за еден здрав др­жа­вен по­ре­док. Ка­ко не­по­треб­ни се ак­цен­ти­ра­ат и ни­жи­те рас­и ка­ко и де­ге­не­ри­ра­ни­те по­е­дин­ци во ви­ша­та рас­а, хо­мо­се­ксу­ал­ци, раз­ни мен­тал­но хен­ди­ке­пи­ра­ни ин­ди­ви­дуи итн. Нив­но­то ели­ми­ни­ра­ње од оп­штес­тве­ни­те стру­кту­ри е за до­бро­то на здра­ва­та на­ци­ја, ко­ја тре­ба да проц­ве­та во прос­пе­ри­те­тот и сја­јот на ил­ја­да­го­диш­но­то царс­тво.

Овој ри­ги­ден, но пер­фек­ци­о­ни­стич­ки си­стем на те­мел­но есте­ти­зи­ра­ње на по­ли­ти­ка­та, ка­ко со не­кој хип­но­тич­ки ме­ха­ни­зам ги прив­лек­ло ма­си­те и, пред сè се­ла­ни­те и ра­бот­ни­ци­те, но не бил мал и бро­јот на гер­ман­ски­те ин­те­ле­кту­ал­ци, кои се про­наш­ле се­бе­си и сво­и­те афи­ни­те­ти во по­ли­тич­ко-иде­о­ло­шки­те стра­те­гии на фи­ре­рот.

Че­сто се го­во­ри де­ка на­циз­мот е ба­нал­на и три­ви­јал­на иде­о­ло­ги­ја на „бур­ге­ри­те“ или сит­на­та бур­жо­а­зи­ја, но ов­де има са­мо по­лов­на ве­ро­до­стој­ност. На­циз­мот, во су­шти­на, е ед­на при­лич­но ек­ле­ктич­ка иде­о­ло­ги­ја, ко­ја од­над­вор про­по­ве­да ра­ци­о­на­ли­стич­ки со­др­жи­ни ка­ко што се ред, еко­ном­ски прос­пе­ри­тет, со­ци­ја­ли­за­ци­ја низ па­три­о­ти­зам, еко­ло­шка за­шти­та на зем­ја­та, спорт и здрав­је, згри­жу­ва­ње на си­ро­ма­шти­ја­та, за­си­лу­ва­ње на са­мо­све­ста кај на­ро­дот, пот­тик­ну­ва­ње на на­та­ли­те­тот, од­бра­на на др­жа­ва­та, не­гу­ва­ње на исто­ри­ски­те вред­но­сти на гер­ман­ски­от на­род, раз­ви­ва­ње на на­у­ки­те и на уба­ви­те умет­но­сти и дру­го. Во овој кон­текст, ори­ги­нал­ни­от на­зив на на­циз­мот – на­ци­о­нал-со­ци­ја­ли­зам, ги оправ­ду­ва сво­и­те за­лож­би. И са­ми­от Адолф Хит­лер, го­лем обо­жа­ва­тел на Му­со­ли­ни и на не­го­ва­та по­ли­ти­ка во овој до­мен, се ле­ги­ти­ми­ра на европ­ска­та по­ли­тич­ка сце­на ка­ко си­лен и енер­ги­чен во­дач на гер­ман­ски­от на­род со цвр­ста и јас­на ви­зи­ја за ед­на сил­на и прос­пе­ри­тет­на Гер­ма­ни­ја. Но, во ја­дро­то на на­ци­о­нал-со­ци­ја­ли­стич­ко­то дви­же­ње се слу­чу­вал еден со­се­ма по­и­на­ков про­цес на дејс­тву­ва­ње. Ту­ка, во та­инс­тве­ни­от цен­тар на на­ви­дум ра­ци­о­нал­на­та и прос­пе­ри­тет­на пар­ти­ја, би­ле со­бра­ни елит­ни­те ми­ли­та­ри­сти и оп­ску­ран­ти­сти, кои има­ле со­се­ма друг пог­лед на не­шта­та. Име­но, овие по­све­те­ни­ци и во­да­чи на на­ци­стич­ко­то дви­же­ње на се­бе гле­да­ле ка­ко на ри­ца­ри и ма­го­ви, кои тре­ба­ло да ја обез­бе­дат се­ку­лар­на­та и спи­ри­ту­ал­на до­ми­на­ци­ја над све­тот од стра­на на су­пе­ри­ор­на­та рас­а, а тоа е гер­ман­ска­та рас­а и слич­ни­те рас­и на неа. Во са­ми­от цен­тар на оваа окулт­на се­кта бил сме­стен нат­чо­ве­кот (убер­манш), кој пре­зе­мен од ни­че­ан­ска­та по­е­ти­ка и фи­ло­зо­фи­ја е су­штес­тво што по сво­ја­та доб­лес­ност и пер­фек­ци­ја ги над­ми­ну­ва ка­па­ци­те­ти на обич­ни­от чо­век, чи­ја­што вол­ја ма­ни­пу­ли­ра­на од стра­сти­те ка­ко да не по­стои, или ако по­стои соз­да­ва де­гра­ди­рач­ки и не­до­сто­инс­тве­ни со­стој­би. Во кон­текст на овој ма­ги­ски култ соз­да­ден од на­ци­сти­те, култ што се на­вра­ќа со ре­чи­си ре­ли­ги­оз­на пре­да­де­ност кон слав­на­та ми­то­ло­ги­ја на гер­ман­ски­те на­ро­ди, поч­ну­вај­ќи од па­ган­ски­от пан­те­он на Один, Тор, Ло­ки и бо­жес­тве­ни­те хе­рои на Ва­ла­ха­ла, по­тоа на тра­ди­ци­ја­та на та­втон­ски­те ри­ца­ри, слав­ни­от пер­и­од на Фри­ди­рих Бар­ба­ро­са, на гер­ман­ски­те ре­не­санс­ни ге­нии во умет­но­ста и во те­о­ло­ги­ја­та, на кла­сич­ни­те гер­ман­ски пи­са­те­ли и фи­ло­зо­фи ка­ко Ге­те или Хе­гел и, се­то тоа об­ла­го­ро­де­но со воз­ви­ше­но­ста на гер­ман­ски­те ком­по­зи­то­ри и нив­на­та му­зи­ка од Бах и од Хендл, пре­ку Бе­то­вен и Брамс, па сѐ до Ваг­нер и Ри­хард Штра­ус, зна­чи во кон­текст на ова кул­тур­но и ци­ви­ли­за­ци­ско бо­гат­ство се соз­да­ва­ла са­мо­по­чит­та и гор­до­ста на су­пе­ри­ор­ни­от и пер­фе­ктен нов гер­ман­ски чо­век. Во вр­ска со овој гер­ман­ски пан­те­он се соз­да­ва и ин­сти­ту­тот Ане­нер­бе, кој тре­ба­ло да ги раз­јас­ни си­те до­то­гаш не­об­јас­не­ти тај­ни на на­у­ки­те и спи­ри­ту­ал­но­ста.

Се­пак, ко­га оваа огром­на по­тен­ци­ја се прид­ви­жи во на­со­ка на ос­тва­ру­ва­ње на нив­ни­от иде­ал, се слу­чи са­ми­от „раг­но­рак“ (апо­ка­лип­са во ста­ро­гер­масн­ка­та ми­то­ло­ги­ја). Ед­но­став­но, све­тот бе­ше пре­го­лем и пре­комп­ле­ксен за до­ми­на­ци­ја на са­мо еден на­род, на са­мо ед­на иде­о­ло­ги­ја и на са­мо ед­на кул­ту­ра, па кол­ку таа и да бе­ше со­вр­ше­на и су­пе­ри­ор­на. Пу­сто­шот што оста­на зад овој лу­дач­ки про­ект не­ка би­де опо­ме­на за си­те пре­ам­би­ци­оз­ни за­фа­ти во об­ла­ста на по­ли­ти­ка­та.

*(Колумните на Адрапо Спараи ќе бидат објавувани секој петок)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top