На предлог на Министерство за финансии, Владата денес усвои измена на Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар за 2017 година. Одлуката за задолжување на домашниот пазар е донесена заради тековните поволни услови во споредба со условите на меѓународниот пазар, и заради интересот кај инвеститорите во домашни хартии од вредност.
Владата за вторник најави ново задолжување во висина од 24.6 милиони евра. Со ова сумата за која што новата влада не задолжи за само 4 месеци се искачува на 344.6 милиони евра. Целото ова задолжување се одвива во предизборен период.
Ова е второ задолжување во текот на октомври, а до крајот на месецот е најавено уште едно задолжување, со што само за еден месец владата ќе се задолжи три пати за над 100 милиони евра.
Досега владата на СДСМ успеа да стопи државни резерви од над 180 милиони евра, со што за само 4 месеци, вкупната бројка на потрошени пари се искачи за над 520 милиони евра. Пари за кои се финансиски товар на грбот на граѓаните и никој не знае каде завршуваат.
Владата со својата економска политика ја втурна Република Македонија во рецесија. ММФ веќе предупреди дека јавниот долг се повеќе ќе расте, а буџетскиот дефицит ќе се продлабочи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст