| четврток, 6 декември 2018 |

Инспекцијата на ГАК ги потврдија низа неправилности во работењето на клиниката

Санитарниот инспекторат по извршената инспекција на Клиниката за гинекологија во Скопје денес одржа прес-конференција во која беа посочени низа неправилности во работењето.
-Овие наоди на инспекторатот укажуваат дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, одржаните редица прес-конференции пред самата клиника и привлекувањето на вниманието на јавноста како аларм и притисок на надлежните било оправдано и корисно доколку се преземат мерки и остранат недостатоците. Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта, се вели во соопштението на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму одблиску да го следи спроведувањето на потребните интервенции од власта.

-Прв лош сигнал е што по смртта на околу 30 новороденчиња нема реална одговорност за никого освен само дисциплинска одговорност за едно лице што е недозволиво и е прикривање на катастрофалното работење на раководството на клиниката кое предизвика смрт на 30 новороденчиња, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top