| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ја пропушти шансата за победа во Харков

Нашиот претставник во ракометната ЛШ Металург по одличното прво полувреме во кое водеше со 18-12 против украинскиот Мотор, сепак не успеа да победи во Харков и се враќа со нерешен резултат 28-28.

Металург повторно играше без Лино Червар но изненади во првиот дел  за да целосно разочара во вториот.  Гуглета и Јагањац беа најефикасни во нашиот тим со по 7 погодоци додека Арсиќ фати 12 топки.  Тимот од Автокоманда на оваа средба настапи без Кузмановски.

Вистинска драма се случи во финишот од мечот кога Металург поведе на стартот од последните три минути со 28-26 но дозволи израмнување 28-28. Потоа  македонскиот тим не реализира напад за да ракометарите на Мотор во последните 7 секунди стигнат до голот на Арсиќ но за среќа стрелаа само во пречката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top