Ново истражување покажува дека луѓето со тркалезно и широко лице имаат посилен сексуален нагон.
Истражувањето го водел професор по психологија од Канада Стивен Арноцки, а неговиот тим ја пронашол врската меѓу односот на ширината и висината на лицето (кои ги означил како FWHR) со сексуалниот нагон на поединецот.
Ова истражување било направено на 457 мажи и жени кои во тој период се наоѓале во љубовни врски, а се покажало дека луѓето со поголеми FWHR имаат и посилен сексуален нагон од останатите.
Другите црти на лицето пак, не покажале таква поврзаност.
Врската меѓу FWHR и сексуалниот нагон била еднаква и кај мажите и кај жените. Разлика постоела само кога станувало збор за секс без обврски и верност.
Имено, мажите со поголем FWHR, биле поотворени кон секс без обврски, а била утврдена и поврзаност меѓу FWHR и подготвеноста да се направи прељуба.
„Овие откритија укажуваат на тоа дека постои врска меѓу обликот на лицето и сексуалниот нагон“, вели авторот на ова истражување Стивен Арноцки.
Истражувањето на Арноцки објавено е во магазинот Archives of Sexual Behaviour.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.