| четврток, 6 декември 2018 |

Тоневски: Во Пробиштип ќе се вложува максимално во сите области

Пробиштип ќе добие нови детски катчиња, ќе добие пречистителна станица за отпадни води, ќе се инвестира во инфраструктурата и културата и во сите области, ова вечерва во својот говор на митингот во пробиштип го истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.

– На 15ти октомври повторно ќе избереме дела, ќе избереме проекти, ќе избереме програма со нови инвестиции за уште подобар Пробиштип. Драги мои сограѓани 8 години работевме заедно, 8 години се посветивме заедно и ги вложивме сите сили да го промениме градот, да ги промениме и селата и успеавме. Дозволете ми, од овде од овој голем митинг, уште еднаш да ви се заблагодарам на вас граѓаните на Пробиштип за огромната поддршка и доверба која ми ја дававте, како и вашето вклучување и соработка на реализирање на сите проекти. Сите заедно постигнавме многу, изградивме филтер станица, гратски пазар, градска капела, нови водоводи во Ратавици, Лесново, Кундино и други, гиу асвалтиравме речиси сите неасвалтирани улици во градот а многу асвалтиравме и во селата. Изградивме нови спортски терени, нови спортски сали, инвестиравме во детски градинки, во училиштата, инвестиравме и во туризмот. Изградивме нови индустриски зони, вложувавме максимални напори за поголем економски развој на Пробиштип. Секаде каде што вие, граѓаните, жителите на Пробиштип имате секојдневна потреба заедно покаѓавме како се сака Пробиштип на дело и же продолжиме со уште посилно темпо. Токму затоа во наредните 4 години со голема поддршка од советот ќе продолжиме со инвестиции токму во подобрување на инфарструктурата, ќе продолжиме на доасвалтирање на неколкуте неасвалтирани улици во градот, ќе ја реконструираме улицата Илинденска, Павел Шатев, Трети април, ќе ги изградиме уличките позади зградите на 11-ти октомври и Јаким Крчовски.

Почитувани мои, сите вие добро ме познавате и добро знаете дека јас не ги заборавам помалите места, како доказ за тоа, нови улици ќе добијат жителите на Злетово, Дреново, Турско рудари, Трмош, Лезово, Трипатанци и многу други села. Ќе го реконструираме стариот цевковод и ќе автоматизираме пумпите во Ратавица, ќе изградиме водоснабдителни системи и во помалите населени места, ќе го довршиве водоводот во Турско рудари, ќе изградиме и нови за жителите на Јаниште и Дренак, рече кандидатот за градоначалник Тони Тоневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top