Свеченото отворање на фестивалот „Скопско лето“ традиционално ќе се одржи на првиот ден од летото – 21 јуни, кој воедно е светски ден на музиката. Оваа година манифестацијата ќе биде отворена со „Деветтата симфонија“ од Бетовен, во изведба на Македонската опера и балет. Проект кој ќе соедини две земји низ звуците на познатата „Ода на радоста“. Диригент: Шунго Моријама (Јапонија), Солисти: Еми Хишики, сопран (Јапонија) Ирена Кавкалевска, мецо–сопран, Ѓорѓи Цуцковски, тенор Кеизуке Танака, баритон (Јапонија), а ќе учествуваат хорот и оркестарот на МОБ заедно со хористи гости од Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


