| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ден на жалост во општина Илинден

Општина Илинден денот 14.6.2013 година (петок) го прогласи за ден на жалост во општината поради смртта на митрополитот полошко-кумановски господин Кирил, чиишто посмртни останки ќе бидат закопани во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, кој се наоѓа на територија на општина Илинден во н.м. Дељадровци.

Митрополитот полошко-кумановски господин Кирил даде голема поддршка и значаен придонес за развој на општина Илинден.

Manastirski kompleks Deljadrovci manastir Sv Djordji sl.5

Манастирот „Свети Ѓорѓија“ во н.м. Дељадровци во општина Илинден, кој ќе биде вечното почивалиште на митрополитот полошко-кумановски господин Кирил, е изграден во 1921 година, а во негов состав се наоѓаат следните цркви : „Св.Ѓорѓија“, „Св.Петка“, „Св.Недела“, „Св.Архангел“, „Михаил и Гаврил“,„Света Злата Мегленска“ и „Св.Мала Богородица“. Овој манастирски комплекс претставува црковна лавра единствена во Полошко-кумановската епархија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top