Кавадарци заслужува да биде на прво место. На кавадарчани им треба урбана средина која ќе нуди услови за развој и просперитет. На младите им треба простор за создавање и рекреација. Земјоделците имаат потреба од подобар пласман на своите производи и подобри услови. – изјави кандидатот за градоначалник на Кавадарци од коалицијата За заедничка Македонија, Митко Јанчев.
Јанчев ја презентираше програмата, за која вели дека нуди трајни решенија за клучните проблеми со кои се соочуваат кавадарчаните.
Ќе реализираме иновативни и креативни проекти кои ќе бидат од големо значење за кавадарчани. Вашата доверба значи и ваше директно вклучување во сите активности на локалната самоуправа. Ви претставувам само мал дел од проектите кои ќе ги реализираме:
- Започнуваме сосема нов проект МОЈ ОПШТИНАР. Преку овој проект општината ќе им биде достапна на граѓаните и ќе можат лесно да дојдат до решенија за проблемите со кои се соочуваат.
- Реконструкција на постоечкиот колекторски систем и изградба на нов.
- Доизградба и продолжување на кејот на реката Луда Мара, со оваа доизградба ќе се решат проблематичните места кои во овој момент се депонии.
- Изградба и уредување на локалитетот 12 Ваташки младинци.
- Изградба на две детски градинки. Со ова би се решил проблемот кој е огромен за родителите.
- Ставање во функција на напуштениот објект „Ла Луна“. Ова место ќе прерасне во современ спа центар со современа теретана, сквош терени, затворен базен и детско катче.
- Изградба на фабрика (ПОГОН) за откупување на вишокот грозје и претворање во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Овој погон трајно би го решил проблемите со пласман на грозјето, кој од година во година станува се поголем.
- Реконструкција на стадионот Тиквеш, како и реконструкција на спортскиот центар „Јасмин“ и дополнување со трим патека, лизгалиште и современо лизгалиште. Овие реконструкции ќе создадат услови за издигнување на спортот и место за рекреација за младите кавадарчани.
- Изградба на велосипедска патека која му недостасува на Кавадарци.
- Создавања на нови работни места преку странски и домашни инвестиции.
- Уредувања и проширување на влезовите во градот.
- Кавадарци има големи проблеми со кучињата скитници. Ќе воведеме шинтерска служба која ќе ги згрижи кучињата бездомници.
- Изградба на две училишни спортски сали.
- Нови два кружни текови кои ќе го намалат сообраќајниот метеж.
- Затворен пазар со постоечка локација со катна гаража.
Јанчев додаде дека овие проекти се реални и нудат решенија кои ќе траат. На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае домаќински да го води овој град.
-Јас и општината ќе бидеме во функција, во функција на Вас граѓаните. Да го направиме Кавадарци убаво место за живеење.- рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)