Никој не сака слободното време да го мине чистејќи. И да бидеме искрени, професионалците секогаш се подобри. Но, ако сакате сами да се справите со чистењето на домот, сигурно сакате да научите некој трик, а ние ги имаме. Еве како професионалните сервиси за чистење ја светнуваат куќата за помалку од еден час.
- Тие користат крпи, а не хартија. Хартиените крпи оставаат влакненца, а крпите не. Со крпите се чисти побрзо и тие се подобри за валканици. (И секако, крпите се перат и се користат повторно, што значи дека се подобри за околината).
- Не користат многу средство за чистење. Користењето на премногу средство, всушност го прави потешко чистењето, затоа што минувате повеќе време бришејќи го вишокот на продукт за чистење. Не претерувајте!
- Почнуваат од горе. Со долга метла за прашина, избришете ги тавански вентилатори, ќошиња и отвори за проветрување. Потоа избришете прашина и исполирајте го мебелот. Откако ќе завршите, правосмукајте и избришете ги подовите. На овој начин нема да биде потребно да ја чистите истата област два пати.
- Ништо не им го одзема вниманието. Професионалните чистачи немаат време да заостануваат и паузираат кога ќе најдат слика која не ја виделе долго време, или ново списание кое сѐуште не го отвориле. Тие не обрнуваат внимание на ова, туку продолжуваат со чистење.
- Инвестираат во добри правосмукалки. Професионалните чистачи немаат време за губење – тоа им е потребно за да ја елиминираат прашината и валканоста. Имаат моќни правосмукалки кои чистат голем дел за нив. Ако буџетот ви дозволува, вреди да инвестирате.
- Чистат СПОРЕД СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ. Одберете позиција која е “12 часот” и започнете од таму, чистејќи во круг додека не завршите. На овој начин не губите време мислејќи се што е следно, или пак да не сте пропуштиле нешто.
- Просторијата им е добро осветлена. Ако можете да видите се, тоа значи дека ништо нема да пропуштите. Едноставно.
- Поставуваат временски лимит. Професионалните чистачи обично имаат еден час за да исчистат цел дом. Поставете си лимит и придржувајте се кон него.
- Обрнуваат внимание на детали, но не заглавуваат на нив. Исчистете ги кваките, прекинувачите и рачките на фрижидерот- овие работи прават огромна разлика, верувале или не. Но, не заглавувајте на лајсните, исчистете најдобро што можете и продолжете понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Пелените исчистени, но реата уште ги мачи дел од соседите
-
Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје
-
Данокот за становите останува 5 отсто