| четврток, 6 декември 2018 |

Најбрзиот хеликоптер во светот Eurocopter X3 (видео)

eurocopter-x3„Eurocopter X3“ е најбрзиот хеликоптер на светот, чија што максимална брзина изнесува неверојатни 472 километри на час. Ова летало, кое го носи истото име како и на европскиот произведувач на хеликоптери, минатата недела при тестниот лет, постави нов брзински рекорд за хеликоптери, постигнувајќи  максимална брзина од 472 километри на час при хоризонтален лет.

Иако рекордот бил урнат уште на 7 јуни, веста за тоа во јавноста е објавена дури на 11 јуни, пренесува „Wired“. Сопственикот на претходниот рекорд е американскиот производител на хеликоптери „Sikorsky“, кој со својот модел „X2“ во 2010 година постигна брзина од 463 километри на час.

eurocopter-x3-3

Се работи за  хибридно летало кое има главен ротор и крила на чии што краеви се наоѓаат два пропелерски мотори. Најголемиот предизвик кој е исправен и пред двата производители на хеликоптери во врска со соочувањето на двата „ѕверови” се самите ротори на хеликоптерот. Производителите мораа аеродинамично да ги приспособат хеликоптерите за истите да даваат помал отпор, па на тој начин да се спречи проблемот со вовлекување на елисата на роторот, што се случува кога овој дел ќе се помести наназад во текот на ротацијата и со тоа се предизвикува намалување на брзината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top