| четврток, 6 декември 2018 |

Лаги, спинови и ругање врз Македонецот

Доцент д-р Оливер Андонов

Следејќи ги грстот лаги, спинови и ругање на Заев, дојдов до еден клучен заклучок, дека не е виновна ПР службата на Заев (тие и така незнаат каде се, каде отишле или накаде одат), туку преголема е желбата на ѓон Црпко во сиот свој очај да се додвори и со тоа да добие поддршка од убијци, терористи и осуденици за тешки кривични дела.

Лажеш Заев, лажеш како Заев!

Како на друг начин да се продолжи колумна во која покрај скандалот со посетата на затворот Идризово и „ветувањето“ за амнестија сакам директно да укажам и на лагите и спиновите кои Заев ги кажа-тресна јавно на Тв 24 вести во емисијата Отворено на 12-ти Септември. И да биде трагедијата уште поголема, истиот ден овој бесрамник се изруга над секој чесен Македонец (тука мислам на сите Македонски граѓани). Се изруга бесчесникот црпнат и око не му трепна. Кога веќе подолго време велам дека овој лик под маска е ѓон Црпко, навистина е тоа така. Ништо не ме демантира во неговото однесување кое докажано е предавничко, измамничко и лажливо, а под маската на наивност и „чесност“. По се изгледа дека имаме сосема дијаметрални вредносни системи и перцепции за чесност со ѓон Црпко. Каква е таа чесност да на убијци и терористи им се нуди амнестија само поради добивањето на политички поени? Дали тоа е чесно кон нивните жртви и кон семејствата на тие жртви? Дали е чесно кон полициските службеници кои се намачиле, го ризикувале животот, а некои го дадоа својот живот за да ги спречат последиците од делувањето на овие убијци и криминалци? Дали е чесно кон сите граѓани на Македонија да се оправдуваат осудени злосторници од политички тривијални причини? Впрочем незамерувајќи му на ПР-от, се прашувам само дали Црпнатиот е толку ниско паднат што и од позицијата на која се наоѓа онака узурпаторски несака да ги согледа последиците кои ги предизвикува врз државата Македонија со своето однесување.

Овој лик под маска на наивност од позицијата премиер влегува во затвор и се поздравува со затвореници, разговарајќи со нив пред нивните ќелии. По кој тоа закон или правилник на казнено-поправна установа во Македонија лица кои не се вработени во установата влегуваат на разговор во просториите кај правосилно осудени лица кои издржуваат затворска казна или пак тие (осудените за тешки кривични дела) излегуваат од ќелиите кога сакаат за да се поздрават со Црпко. Згора на тоа како Дедо Мраз лицето кое се претставува како премиер на Р.Македонија на докажани терористи им дели мобилни телефони (информација која ја пренесоа некои од медиумите), за да можат да ги искажат своите политички и терористички ставови против Македонија и нејзините граѓани јавно на ФБ. Веројатно и за ова ПР-от имаше подготвен концепт, само малку им избега од контрола, бидејќи главниот актер е забеган и под туѓа контрола и тоа одамна.

Секако дека избеганиот од контрола ѓон Црпко се обидува да манипулира и спинува. Како тоа тој се срами што е премиер на држава во која има лоши услови за живот во затворите, а во исто време неможе да види толкави нови објекти изградени во последниве 5-6 години во истиот затворски круг во кој се поздравуваше со убијците и терористите. Веројатно неможеше да види, бидејќи од се што изгради ВМРО-ДПМНЕ во последниве десет години му паѓа темнина на очи свесен дека тој и сто години да е премиер со безидејноста и лагите нема да може ниту да му се приближи на Груевски по успешноста, работливоста и резултатите постигнати за Македонија, за Македонскиот граѓанин.

Токму затоа, ѓон Црпко лажеше и во емисијата на неговата ТВ 24 Вести. И овие демократски и слободни новинари му направија убаво срочено шоу, но толку му е дадено, и во вакви наместени услови овој ѓон лик лажеше. Мислам дека скоро за се излажа. За се сакаше да се прикаже на граѓаните како чесен и уште и наивен, а притоа излажа дека појма нема како неговото семејство купува акции во фабрики во Струмица, како партнерот му Анѓушев прави „бомбона“ бизниси преку мрсни тендери со фирма на која е соспственик, но нели не е управител и „појма нема“ што се случува во истата, спинуваше за „приоротетот“ на автопатот Скопје – Блаце, а не кажа дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше подготвено документација и проценка за чинењето на овој проект, лажеше како тој е за дијалог и пиење кафе со секого, а бега од Груевски на повеќе од два бришани домети за случајно да не го сретне, режира дочеци од „одушевени“ граѓани, а жив е исплашен да не го отепа некој поради тоа што е предавник, се гушка и поздравува со убијци и терористи, а лаже дека е за правда и правичност и во исто време и самиот е судски муштерија за кривични дела од корупцијата, па потоа Зврлевски не му чини, се крсти во „независно“ судство, а несака да зборува за тоа кој му ги води неговите судски реформи и така да набројувам до бескрај што се и како лаже, подлажнува, спинува, манипулира и сите сака да не направи глупави и недоветни со неговата божем наивност и „чесност. Човекот си лаже бесрамно и си се вози на поддршката на „странскиот фактор“ свесен дека ја имаа таа поддршка затоа што тие го избраа да ги оствари нивните, а не Македонските национални интереси.

Водејќи се од бескрајно големата му потреба да по секоја цена обезбеди опстанок на власт која ја узурпираше Црпнатиот ни приредува секојдневна забава и пир на глупоста, притоа очекувајќи дури и поддршка од осудени убијци, теорористи и тешки криминалци, ветувајќи им амнестија. Онаа што не му помина преку неговите Мери и Павле пред две години, сега тој сака да го реализира и тоа од тривијални и лукративни побуди и тоа поради:

Прво, за да добие некој глас повеќе, па нека е и од криминални структури на кои никогаш СДС не биле имуни, особено во избори и

Второ, да се додвори на својот коалиционен партнер ДУИ преку ослободување на докажани терористи и крвници на Македонските граѓани од чија рака само во 2015 година загинаа осуммина полицајци.

Оваа состојба со ветувањето на амнестија не е воопшто наивна. Ѓон Црпко лаже, мами и спинува се за да биде на власт, а во исто време се поистоветува со бандитите кои сака да ги амнестира, само да се добере до власт па макар и со еден или стотина криминални гласови.

Ова однесување покажува многу за лицето па под каква и сака нека е маска на невиност, наивност и чесност сокриен. Колку сака пати може да повторува во емисијата на ТВ 24 Вести дека „…чесно е…“, „…да бидеме чесни…“ итн. Тоа покажува само дека има нешто многу нечесно и скриено во него. Впрочем оние кои биле во војска знаат за старат поговорка, кој за што ако не „заставник за унапредување и к…. за чесност“.

Заев лаже, а тоа барем во случајот со Јасен и наводно изгубениот сидски спор кој никгаш не се водел можам еклатантно да го докажам. Но, само треба да имаме очи и уши и добро да гледаме и да слушаме и да употребиме разум да размислуваме и ќе забележиме и тоа многу лесно дека овој лик под маски постојано манипулира.

Црпнатиот ги лаже сите, но најповеќе Македонските граѓани загрозувајќи им ја иднината и безбедноста преку општата амнестија за која си бара изговори како да ја спроведе, а граѓаните да не се сетат дека се работи за тривијалност од политички причини. Нетреба да се прави амнестија, туку треба да се продолжи со вложување на средства од буџетот за изградба на хумани и опремени затвори како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Нетреба да се амнестира криминалот во политички цели како што тоа се обидува да го прави Црпко, туку треба да се санкционира истиот, но во насока на рехабилитација и социјализација на извршителите на кривични дела во корисни граѓани.

Тоа е разликата помеѓу лагите на ѓон Црпко и реалните дејанија на ВМРО-ДПМНЕ, а што граѓаните го препознаваат како дела, а не како тривијалната црпната политика која не загрозува сите нас.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top