Срамно владееше и срамно заврши
Андреј Жерновски изврши предавство на граѓаните на општина Центар. Одкако не доби подршка од СДС за повторен избор за градоначакник, ги доведе граѓаните пред канцелариите на Државната изборна комисија да дадат подпис за негова кандидатура за градоначалник на Општина Центар и одкако ги доби потребните подписи се откажа од кандидатурата и ги предаде граѓаните.
Се одкажа од кандидатурата одкако Зоран Заев му фрли коска да ја глода. Перфидниот лажго се продаде за функција во централната власт на СДСМ и учество во централните органи на ова партија. За овој бескруполозен егоист граѓаните на општина Центар се обична аморфна маса. Андреј Жерновски се докажа како предавник и манипулант со нула морален кредибилитет и високи егоистички интереси.
Бесрамникот Андреј Жерновски дури не се срами да изјави дека со тоа што му го понудил СДСМ можел да даде придонес во централната власт и во органите на СДСМ на централно ниво!! Човекот кој ги предава интересите на граѓаните со образ како ѓон неможе никогаш и на никого да му биде од корист.
Дали Андреј Жерновски не ја направи сета ова манипулација да се спаси од тендерите кои Зоран Заев нема да му ги отвара? Дали се уплаши од тендерски криминал? Дали ова не е центраното прашање, да си ја спаси кожата и да си ја обезбеди својата социјалната сигурност.
Каков моралниот кредибилитет има овој човек, кога со невидена леснотија се откажа од неговата Либерално Демократска партија?. Каков е овој монструозен чекор на еден безкичмењак? Тоа ли е либерал – демократ!? Срамно е за една таква партија во која со години еден таков лажливец се шверцувал .
Граѓаните на општината Центар сега многу добро знаат со кого имале работа во изминатите четири години. Имаале работа со еден манипулант на кого му се важни само личните интереси, а не интересите на граѓаните.
Андреј Жерновски срамно владееше и срамно заврши. Ќе остане запаметен како еден од најлошите градоначалници на општина Центар. Ги предаде граѓаните. Граѓаните на општина Центар на наредните избори на 15 октовмри ќе знаат ова жестоко да го казнат и нема да дадат подршка на манипуланти и предавници.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст